Мароко ја зајакнува безбедноста пред заканите на џихадистите

Заострени безбедносните мерки во Мароко по заканите на џихадистите и зголемената загриженост затоа што голем број државјани на оваа земја се борат во Сирија и Ирак.

Министерот за внатрешни работи на Мароко, Мохамед Хасад наведе дека новите мерки ќе бидат воведени прогресивно, со цел да се одговори на различните закани со кои се соочува Кралството Мароко.

Хасад не прецизира за какви закани се работи, но објаснува дека со тие мерки ќе бидат покриени „ранливите“ локации ширум Мароко, а во нив ќе учествуваат војската, полицијата и други безбедносни сили.

Повеќе од 2.000 марокански џихадисти, вклучувајќи ги и оние со двојно државјанство, сега се борат во Сирија и Ирак, соопштија властите.