Мароко не го надомести раниот гол на Роналдо

Во средбата од второто коло од Групата Б на Светското фудбалско првенство селекцијата на Португалија во средата на московскиот стадион „Лужники“ го совлада Мароко со 1:0 (1:0).

Стрелец на единствениот гол беше Кристијано Роналдо уште во 4 минута од натпреварот. Додека Бернардо Силва и Жоао Мутињо комбинираа по изведениот корнер, Роналдо се прикраде и непречен од никого од пет метри ја проследи топката зад грбот на немоќниот ел Кажуи.

До крајот на мечот Мароко беше забележатилно подобар противник, но не успеа да искористи ниедна од многубројните шанси за израмнување, па во својот втор настап во Русија го впиша и вториот минимален поа и така стана првата селекција без теоретски шански за минување во осминафиналето.

Најдобрата шанса за израмнување во првите 45 минути Мароко ја испушти во 19 минута кога Дирар успеа да се пробие по десната страна, но на неговото ниско нафрлување на петерецот задоцнија двајца негови соиграчи. Португалија можеше да го зголеми водството кога Роналдо одлично нафрли за Гуедеп кој изби сам пред мароканскиот гол, но шутот на португалскиот напаѓач од 15-ина метри ел-Кажуи го одбрани.

И на почетокот од вториот дел Португалија прва се закани, кога во 51 минута Гуедеш и Жоао Марио убаво ја измамија мароканската одбрана, но Гуедеш потоа не ја погоди топката којашто среќно се одби до Роналдо, но неговиот удар од 15 метри отиде над голот.

До крајот на дуелот практично играше само Мароко. Европскиот шампион потполно беше притиснат на својата половина, а големи проблеми на португалската одбрана создаваа Амрабат и Зијах. Но ниеден од двајцата не успеа да погоди од бројните употребливи нафрлувања. Во 55 минута Анрабат го пронајде Белханд чиј удар од 16 метри лесно го собра Руи Патрисио. Две минути подоцна Зијах нафрли во казнениот простор каде што највисок во скокот беше Белканда и шутираше со глава од метри во аголот, но со бравурозна реакција се истакна португалскиот голман.

По двете кола Португалија во Групат Б води со четири бода, следат Иран со три и Шпанија со еде и натпревар помалку, додека Мароко е последен без бодови.

Во втората средба од второто коло од групата во 20 часот денеска во Казан играат Иран и Шпанија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.