Во Мароко осудени 11 лица за учество во тероризам

Судот во мароканскиот град Салех  вчера осуди 11 лица за учество во терористички активности, соопшти државната новинска агенција Магреб Араб прес.

Како што јавува МИА, повикувајќи се на ТАСС, криминалците добија казни од две до седум години затвор.

Судот го докажал нивното учество во создавањето на криминални групи со цел подготовка и извршување на терористички акти.

Тие се занимавале со собирање на средства за финансирање напади и со поттикнување на извршување на противоправни дејствија.