Марота го нуди Берарди во замена за Нани

Генералниот менаџер на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Џузепе Марота, ќе се обиде до крајот на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на португалскиот интернационалец од редовите на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, Нани.

Главниот оперативец на “старата дама” има две опции на располагање, пвата да испрати официјална понуда за крилниот напаѓач, не помала од 8 мил. евра и втората, обратната насока да го испрати младинскиот репрезентативец на Италија, Доменико Берарди, кој со голем успех го носи дресот на Сасуоло и кој постигна четри погодоци на првенствениот натпревар против италијанскиот калчо гигант Милан.