Марота и Јувентус му фрлија око на Мохамед Салах

Одличните игри на стандардниот првотимец во дресот на швајцарскиот прволигаш Базел, Мохамед Салах, не останаа не забележани

Одличните игри на стандардниот првотимец во дресот на швајцарскиот прволигаш Базел, Мохамед Салах, не останаа не забележани од генералниот менаџер на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Џузепе Марота.

Главниот оперативец на „старата дама”, потврди дека е пријатно изненаден од играта на 21-годишниот крилен напаѓач и дека истиот бил најдобар поединец на последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампиони, помеѓу екипите на Базел и Челзи.

Желбата на Марота, но и на останатите челници на италијанскиот калчо гигант може да стане реалност само доколку официјалната понуда на “старата дама”, за услугите на Салах не биде помала од 15 милиони евра.