Марота: Наполи делува како клуб од провинција

Генералниот менаџер на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Џузепе Марота го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека челниците на Наполи се однесуваат како да раководат со мал клуб од провинција.

„Искрено, малку не нервира целата таа еуфорија во Неапол. Станува збор за еден првенствен натпревар, за една победа над Јувентус. Освоија три бода и толку. Челниците на Наполи се однесуваат како да се од некоја пробинција, како да раководат со мал клуб од провинција. Знаете како се однесуваат помалите клубови кога ќе победат некој поголем клуб. Така се однесуваат на “Сан Паоло”, изјави Марота.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.