Марс и Плутон се ретроградни: Еве на што треба да внимавате!

Аспектите со Нептун и Јупитер ги зајакнуваат сите облици на зависност, од секс, до цигари, алкохол, дроги…

Планетите на акцијата и сексуалноста, моќта и богатството, Марс и Плутон неодамна почнаа да се движат ретроградно, поради што нивната сила е извртена, а моќта ослабена.

Тоа повеќе ќе го почусвтвуваат Овните, Скорпиите и Јарците и тоа мажите, на кои може да им недостасува иницијатива и претприемливост, како и кондиција, особено ако се занимаваат со спорт или често патуваат поради работата.

Соработката со странците и можностите за добивање визи или стипендии за стручно усовршување во некоја странска земја може да се одложат, да се пролонгираат, така што само најтрпеливите и најупорните ќе стасаат до целта.

Напнатите аспекти на Марс со Нептун и Јупитер ги зајакнуваат разните облици на зависност, од секс, преку цигарите до алкохолот и дрогите.

Транзитот на Плутон преку Јарец, знакот на амбицијата, одговорноста и дисциплината, ве предупредува да обрнете повеќе внимание на финансиите и да ги избегнувате непотребните трошоци и земањето кредити, што е нагласено и со предизвикувачкиот знак со Уран, планетата на ризикот.

Овен

Ретроградното движење на вашиот владетел преку вашите астролошки полиња на странство и на кариерата, ве предупредува да бидете повнимателни ако соработувате со странци.

Бик

Марс и Плутон, владетелите на вашата седма астролошка куќа, ве предупредуваат да водите повеќе сметка за финансиите и да избегнувате земање кредити.

Близнаци

Забавеното движење на планетата на акцијата преку полето на љубовта и планетата на моќта преку полето на опасностите, ве предупредува да обрнете повеќе внимание на комуникацијата со партнерот.

Рак

Вашиот владетел Месечината во близина на Марс и Сатурн ве потсетува дека би требало да бидете трпеливи и упорни, ако сте среде некој судски процес.

Лав

Ретроградниот Марс во полето на креативноста и ретроградниот Плутон во Јарец, може да ви донесат постепено напредување на полето на уметноста, спортот или науката.

Девица

Позицијата на ретроградните планети под влијание на Јупитер од вашиот знак, ве опоменува да водите сметка за комуникацијата со партнерот, особено ако сте во брак.

Вага

Аспектите на владетелите на полето на љубовта во ретроградно движење, може да ви донесат средба со некого со кого што некогаш сте биле мошне блиски. Судските спорови се решаваат во ваша корист, само бидете трпеливи!

Скорпија

Ретроградното движење на планетите што управуваат со вашиот знак Плутон и Марс ве предупредува да обрнете повеќе внимание на финансиите, како и на комуникацијата со некогашните бизнис партнери.

Стрелец

Преминот на ретроградната планета на акцијата преку вашиот знак, а на Плутон преку Јарец, може да ги пролонгира соработките со странците и исплатите што одамна ги очекувате.

Јарец

Ретроградното движење на Плутон преку вашата куќа на личноста, а на Марс преку Стрелец ве опоменува да избегнувате непотребни трошоци и да обрнете повеќе внимание на конкуренцијата.

Водолија

Транзитот на планетата на акцијата и парите во ретроградно движење, преку вашите полиња на странство и на препреките, ве предупредува дека со трпение и упорност попрво ќе дојдете до целта отколку преку ризикување.

Риби

Марс и Плутон во привидното движење наназад, под влијание на владетелот на вашиот знак Нептун и Јупитер ве предупредуваат да бидете внимателни доколку планирате соработка со странците.

Напомена: Либидото е во пад

Марс доминира со нагоните, еротиката, создава чувство на надмоќ и ве тера на натпревар. Тој е симбол на енергијата, активноста, спортот, физичката работа, храброста, уживањето во борбата и во сексот. Кога е добро аспектиран носи успех, а кога е во лоши аспекти или кога се движи ретроградно, слабее сексуалната моќ, иако тоа не значи дека мажите нема да се трудат да го привлечат спротивниот пол, затоа што Марс сепак образува хармонични аспекти со Уран, симболот на флертот во секогаш освојувачки настроениот Овен.