Марсеј остана во игра за ЛЕ

Шест погодоци, четири во гостинската и два во домашната мрежа, беа постигнати на неделниот дерби натпревар од 36. коло во француската Прва лига, дуелот на „Велодром” помеѓу екипите на Олимпик Марсеј и Лион.
Со освоените три бода, фудбалерите на Марсеј останаа во игра за петтата позиција на првенствената табела која гарантира настап во групната фаза од Лигата на Европа, а најголем удел во неделниот триумф има репрезентативецот на Франција, Пјер-Андре Жињак кој постигна два погодока.
Резултати: Сент Етјен – Монпеље 2:0, Лориен – Ајачио 1:0, Реим – Евијан 1:0, Сошо – Ница 2:0, Тулуз – Нант 1:1, Валенсиен – Бордо 0:1, Марсеј – Лион 4:2.