Спорт

Марсело се извини поради срамниот пораз од Севилја

Марсело се извини поради срамниот пораз од Севилја

Бразилскиот интернационалец Марсело, јавно им се извини на најверните фанови на шпанскиот гигант Реал (М) за срамниот пораз кој “кралскиот клуб” го доживеа на последниот првествен натпревар против екипата на Севилја.

“Сите бевме свесни, сите знаеме дека ќе ни биде многу тешко до крајот на актуелната сезона. Секој следен натпревар е како финале за Реал (М). Ќе дадеме се од себе, ќе се бориме за шампионскиот пехар, но сега мораме прво да им се извиниме на најверните фанови на Реал (М). Мора да се извиниме за неочекуваниот пораз во Севилја. Многу ни е жал”, изјави левиот бек.

Реал (М) моментално е трет на првенствената табела и има три бода помалку од градскиот ривал Атлетико (М) и два бода помалку од каталонскиот гигант Барселона.