Марсело: Се надевам дека еден ден ќе заиграм во Јувентус

Левиот бек на Реал Мадрид, Марсело, говорејќи пред бразилските медиуми за неговите планови во иднина, откри дека Јувентус е тимот во кој некогаш би сакал да заигра.

Бразилецот, кој пред седум години од Флуминенсе се пресели во “кралскиот клуб” и за него одигра преку 200 натпревари, истакна дека Јувентус е неговата неостварена желба од детството.

“Лилијан Турам е фудбалерот кој ме воодушевуваше кога бев дете. Неговата интелегентна игра во дресот на Јувентус беше нешто што постојано ме фасцинираше. Токму поради тоа го засакав и Јувентус, а се надевам дека во иднина ќе имам прилика и да заиграм за клубот од Торино”, изјави Марсело.