„Марш на гордоста и достоинството“ во Топаана

Здружението за јакнење и организирање на ромската заедница „Романо Авази“ по повод Меѓународниот ден на Ромите, 8. април, денеска организира „Марш на гордоста и достоинството“

Маршот ќе почне во 11.45 часот од скопската населба Топаана и групата ќе се упати до пред зградата на Владата каде ќе предаде барање за решавање на неколку приоритетни проблеми со кои се соочува ромската заедница во земјава.

На настанот ќе присуствуваат и неколку граѓански здруженија кои ја дадоа поддршката за „Маршот на гордоста и достоинството“.