Марш на милионите во Украина: Да ги срушиме тираните

На протестите на опозицијата поддршка од затвор им дала поранешната украинска претседателка, Јулија Тимошенко, која преку писмо ги повикала насобраните да побараат итна оставка од претседателот.

„Јанукович донесе одлука да се приклучи кон клубот на диктаторите. Ние Украинците мора мирно и легално да ги симнеме од власта. Тој повеќе не е претседател на нашата земја, тој е тиранин кој мора да одговори на секоја пролеана капка крв“, стои во пораката која ја прочитала нејзината ќерка, Евгенија Тимошенко.

Опозицијата денешните демонстрации ги нарекла „марш на милионите“, со повик Украинците да дојдат во знак на протест против полициската бруталност и одбивањето да се признае било каква одговорност од страна на претседателот Јанукович.