Марш на солидарноста на ССМ по повод Први мај

Сојузот на синдикатите на Македонија и оваа година традиционално ќе го одбележи  Меѓународниот ден на трудот, Први мај, со реализација на Марш на солидарноста.

Маршот ќе започне со собирање на платото пред зградата на ССМ во Скопје до 12 часот.

Учесниците на маршот ќе се движат по утврдена патека од пред зградата на ССМ во Скопје покрај Собранието на Република Македонија се до Плоштадот „Македонија“.

На манифестацијата ќе биде прочитан и првомајскиот манифест.