Марш против абортус во Скопје

Марш по повод Светскиот ден на детето под мотото „Животот за бебињата, не за абортусот“ денеска се одржа во Скопје.

Учесниците во маршот се движеа по улицата Македонија, плоштадот Македонија, а завршија кај Порта Македонија, каде што се одржа детски музички хепенинг.

Организатори се невладините организации „Заштита на правата на детето“, „Лидија срце што чука“, „Додома“ и „Ревита“. 

lidija-500

-И оваа година сакамe да го кренеме нашиот глас и да кажеме дека и неродените деца заслужиуваат да живеат и имаат право на живот бидејќи тоа е основното човеково право и треба на секој еден зачеток да му се овозможи светлинтата на денот, истакна Светлана Jованова, директор на Центарот за жени со непланирана бременост „Лидија срце што чука“.

dete-1-500

Таа истакна дека многу жени се одлучуваат на нелегален абортус само затоа што не ги знаат своите права. Вели дека изборорт е на жената, но таа треба да биде информирана за тоа што се случува со нејзиниот органзиам и што се случува со детето за да ја донесе правилната одлука.