Марш против абортусот денеска во Скопје

Марш по повод Светскиот ден на детето под мотото „Животот за бебињата, не за абортусот“ ќе се одржи денеска во Скопје.

Организатори се невладините организации Заштита на правата на детето, „Лидија срце што чука“, „Додома“ и „Ревита“. 

Маршот ќе се одвива по улицата Македонија, плоштадот Македонија, а завршува кај Порта Македонија, каде ќе се одржи детски музички хепенинг.