Магазин

Март месец на среќа за играчите на Државна лотарија на Македонија

Март месец на среќа за играчите на Државна лотарија на Македонија

Државна лотарија на Македонија постојано ја збогатува понудата на инстант лозови, кои пак се вистинско задоволство и радост за играчите. Ова го потвдруваат дури три нови случаи на среќни играчи на среќа на игрите на ДЛМ.

Листата среќници започнува со дама. Битолчанката Николина Божиновска благодарение на симпатичното смајли, успеа да стаса до клучевите на нејзиниот скутер. Својот среќен инстант лоз Смајли го купила во Битолската ДООЕЛ 15.  И вие може да станете еден од 35те сопственици на скутер. За само 30 денари, може да го имате скутерот од своите соништа – Aprilia SR 50, Gilera Runner 50 или Vespa LX 2T!  Досега доделивме 21 скутери, а во игра остануваат уште 14.

Инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија е одлична можност за секој што сака да освои добивка и веднаш да ја однесе дома. Тоа денес го поврдуваме уште два пати.

Среќна играчка која сака да биде анонимна, дошла во продажното место Толакс во Скопје, за да ги испрати своите коверти за Наградната игра Фискална во рака-награда без мака.  Цел живот е страсен вљубеник во Инсант лотариите, па решила да се почасти со инстант лозот Детелинка. Ова одлука и обезбеди одлична добивка вредна 100.000 денари.

На крај, списокот со среќни добитници  се надополнува со уште еден среќен човек. Сигурно се сеќавате на првиот милион во Инстант лотаријата Среќни коцки беше освоен на 15 февруари, 2014. Среќната грепка беше купена во продажното место Бартон во Тетово. Она што е интересно е дека оваа добивка ја делат тројца другари кои воедно биле и колеги на работа.

Еден од тројацата среќни другари, имаше можност за реприза  на својата среќна епизодата и тоа повторно со Инстант лотаријата Среќни коцки. Ова игра на среќа дефинитивно е неговата среќа, бидејќи покрај партиципацијата со третина од милионот , пред еден месец, сега си освои нови 10.000,00 денари.

Само за потсетување, Државна лотарија на Македонија неодамна ја лансираше и оваа игра на среќа во Инстант лотариите, СРЕЌНИ КОЦКИ. Под мотото СВРТИ ЈАМБ ЗА МИЛИОН, оваа игра им овозможува на играчите одлична можност за забава во комбинација со можноста да освоите добивка која веднаш може да си ја однесете дома.

Вкупниот фонд на добивки во оваа инстант лотарија е 25.000.000 денари, а секој трет лоз е добитен. Еден инстант лоз СРЕЌНИ КОЦКИ чини 40 денари.