Македонија

Марта Арсовска-Томовска на самит за мобилни апликации во Абу Даби

Марта Арсовска-Томовска на самит за мобилни апликации во Абу Даби

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска од денеска до 3 февруари ќе учествува на Светскиот самит за мобилни апликации што ќе се одржи во Абу Даби.

Арсовска-Томовска ќе се обрати на самитот на кој ќе се дискутира за мобилните апликации, поддршката на мобилната технологија и за други теми.

На самитот се очекува да се истакне улогата за користење на ИКТ претприемништвото со цел да се поттикне одржливото глобално информатичко општество и да се даде поддршка на милениумските развојни цели.

Светскиот самит ги избира и ги промовира најдобрите и најиновативните мобилни апликации од сите земји членки на Обединетите Нации, односно од претприемачите кои развиваат апликации со влијание врз глобалните општествени движења. Поднесените предлог-апликации од целиот свет ќе бидат оценувани од страна на жири комисија, со цел да се изберат најдобрите решенија за 2014 година.

Наградата на Светскиот самит беше иницирана во 2003 година, во рамки на Светскиот самит на информатичко општество на Обединетите Нации.

фото: МИА