Спорт

Мартич: Игравме агресивно и заслуживме да победиме

Мартич: Игравме агресивно и заслуживме да победиме

Тренерот на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје – Аеродром, Зоран Мартич изрази задоволство од победата и играта на своите избраници во дуелот со Мега Визура. “Металците” го добија натпреварот со тимот од Смедерево, совладувајќи го со 80:72.
“Очекувавме ова да биде дури и потежок меч од оној со Партизан, бидејќи ако загубевме во Белград немаше да биде трагично, а секогаш е непријатно кога се губи на домашен терен. Планот ни беше во предната линија да играме поагресивно, да ги запреме оние играчи што имаат предност во височина во однос на нас. Имавме предност од првата до последната минута, на крајот можеби со потешкотии, но сепак заслужено стигнавме до победата“ , изјави Мартич.