Мартич: МЗТ има подобри навивачи од Партизан и Црвена Звезда

Тренерот на македонскиот кошаркатски шампион МЗТ Скопје Аертодром, Зоран Мартич, беше задоволен од играта на своите избраници во натпреварот од 12. коло против Црвена Звезда.

„Скопје не е по големина голем град како Белград, МЗТ нема традиција како Партизан или Црвена звезда, но покажа дека е клуб на исто ниво, а навивачите што ги имаме се на исто ниво, можеби дури и подобри од оние на српските гиганти. Оваа победа е на навивачите. Искрено им благодарам што дојдоа во голем број и ни дадоа фантастична поддршка. Знаевме дека против себе имаме силен ривал, имавме краток рок за подготовки бидејќи во изминатиот период имавме долги патувања. Апсолутно сум задоволен од одбраната што ја одигравме, како и од сите играчи што настапија на оваа средба. Задоволен сум од новиот кошаркар Маринковиќ кој се покажа добро светло иако знам дека може да игра уште подобро. Се надевам дека овој труимф ќе ни даде самодоверба и ќе играме се подобро и подобро на следните натпревари“ , истакна Мартич.