Мартич: Победивме, но не сакам да се зборува за титулата

Стратегот на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје, Зоран Мартич не го криеше задоволството од победата на своите избраници на дуелот со градскиот ривал Работнички.

„За овој дуел имавме повеќе време да се подготвиме, што не беше случај за првиот кој го игравме во Борис Трајковски. Го сторивме тоа на најдобар начин и мора да се признае дека одигравме одличен меч. Бевме доминантни во секој сегмент од кошаркарската игра. Победивме, но не сакам да се зборува за титулата. За тоа е се уште многу рано. Јас сум тренер кој сака да размислува само за првиот нареден меч. Затоа сега нашите мисли се насочени кон дуелот со Куманово, изјави Мартич.