Мартич си заминува од МЗТ, Врбица нов тренер ?

Словенецот Зоран Мартич повеќе нема да биде тренер на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром, Словенечкиот стручњак го предводеше тимот од Аеродром до двојна круна и прогнозите беа дека тој ќе остане на кормилото на македонскиот шампион и во новата сезона, но сепак Мартич експресно ќе си замине од клупата на МЗТ.

Последните информации поврзани со „металците“ говорат дека раководството на клубот сериозно размислува за нов тренер да го ангажира Врбица Стефанов.

“ Мартич нема да потпише нов договор со нашата екипа. Тоа е се што можам дазаминува од кажам во моментов“, истакна директорот на МЗТ, Видоја Секуловски.

Заминувањето на Мартич е изненадување, бидејќи пред четири месеци беше обелоденето дека потпишал нов договор со клубот. Оваа информација беше објавена и на официјалната веб-страница на клубот, веднаш потоа беше пренесена од сите домашни медиуми, но очигледно е дека во меѓувреме дошло до компликации.

Така, Словенецот за само неколку месеци и дефинитивно си замина од таборот на аеродромци, иако бележеше солидни резултати по наследувањето на Влада Вукоичиќ на кормилото на „металците“.