Мартич: Заслуживме да победиме

Тренерот на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром, Словенецот Зоран Мартич, не го криешe задоволството од победата над лутиот ривал Работнички на стартот од плејофот во домашното првенство

„Заслуживме да  победиме, бидејќи водевме од првата до последната секунда. Противникот се враќаше во игра само поради нашите осцилации и црни периоди од по неколку минути. Мислам дека одигравме добро во одбраната, играчите ги испочитуваа дадените задолженија и договорот од пред натпреварот. Работнички беше во предност со оглед на тоа дека за овој дуел имаше доволно време за да се подготви, а ние само три дена за рехабилитација по мечот со Раднички“, изјави  Словенецот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.