Спорт

Мартич: Знаевме дека ќе дојде денот кога ќе загубиме

Мартич: Знаевме дека ќе дојде денот кога ќе загубиме

МЗТ Скопје го претрпе првиот поразсезонава во домашното првенство, а разочарувањето кај бранителот на титулата е уште поголемо ако се земе предвид дека водеа со 14 кошеви разлика на полувремето. Но, тренерот Зоран Мартич, смета дека станува збор за предвремено опуштање кај неговите избраници.

„Не одигравме добра одбрана во првите пет минути од третата четвртина и му дозволивме на противникот да влезе во ритам. Работнички делуваше опуштено, како да нема што да загуби, погоди неколку шутеви во низа и доби на самодоверба. Потоа се обидовме да се вратиме, но не успеавме Нормално е да бидеме разочарани, но од друга страна, знаев дека ќе дојде и овој ден, кога нема да одиграме на своето вообичаено ниво и ќе се најде противник што ќе го казни тоа, на крајот на краиштата, ние не сме работи“, изјави Мартич.