Мартинез, Ибрахимовиќ, Кондогбиа – Галијани тргна во “потера” по засилувања

Според добро упатените италијански медиуми, потпреседателот на Милан, Адриано Галијани веќе го договорил трансферот на напаѓачот од Порто, Џексон Мартинез.

Иако засега информациите се непотврдени, се очекува за трансферот на Колумбиецот да бидат исплатени 35 милиони евра, колку што изнесува неговата откупна клаузула.

Тој во Милан би потпишал четиригодишен договор, според кој би заработувал по 3,5 милиони евра по сезона.

Се очекува по завршувањето на овој “дил”, Галијани да замине во Монако, каде ќе се обиде да издејствува трансфер и за Џофри Кондогбија, за кого понудата ќе биде 27 милиони евра.

Играчот за врска на Монако би пристигнал како замена за Најџел Де Јонг, за кого сериозен интерес покажа Манчестер Јунајтед.

“Одисејата” на Галијани би требало да заврши во Париз, каде “трансфер-гуруто” на Милан би требало да се избори за потпис на Златан Ибрахимовиќ, кој има уште една година од договорот со “светците”, а за кого ПСЖ бара 15 милиони евра. Во оваа “акција” се очекува помош и од менаџерот на високиот Швеѓанец, Мино Раиола кој е близок пријател на Галијани.

Едно е сигурно, Милан го очекува бурно лето на трансфер пазарот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.