Мартинез: Лукаку вреди и 125 милиони

Предводникот на Евертон, Роберто Мартинез, изјави дека ако било потребно, за Ромелу Лукаку клубот ќе издвоел 125 милиони евра.

Белгиецот беше брилијантен на „Гудисон“ како позајмен фудбалер, поради што се пресели од Челзи во градот на Битлси за 35 милиони евра.

„Тој е одличен. Вреди и 125 милиони. Заслужи да заработува добро, како и да е важно е колку фудбалерот придонесува“, вели шпанскиот фудбалски стручњак.

„Фудбалер од четири милиони би можел да биде скап, а друг од 35 милиони ефтин“, додава Мартинез.

Лукаку ќе може да им се реваншира на лондонските „Сини“ во следната рунда од англиското фудбалско првенство.

„Тој настапува против клубот од кој што дојде во Евертон, мислам дека ќе биде одличен, како што ќе биде и во дуелите со преостанатите ривали“, заклучи Мартинез.