Мартинез се плаши од триото Робен-Ван Перси-Снајдер

Хави Мартинез, репрезентативецот на Шпанија ја подгреа атмосферата пред утрешниот дерби натпревар од групата „Б”, со изјавата дека актуелниот бранител на тронот, мора да посвети екстра внимание на холандското трио, Ван Перси – Робен – Снадер.

„Најголема опасност пред нашиот гол? Дефинитиво холандското три Ван Перси – Робен – Снајде. Станува збор за фудбалери од светска класа. Одлично го познавам мојот тимски колега Ариен Робен. Мора да му посветиме екстра внимание, Робен е најопасен кога ќе се најде во ситуација еден на еден, може да дрибла и лево и десно. Да, разговарав со Робен, се потцетивме на финалниот натпревар од пред четри години. Разговаравме на оваа тема. Големо разочарување за Холандија и за Робен. Ариен уште е тажен поради пропуштената шанса, излезе еден на еден со Икер. Пред финалниот натпревар во Лигата на шампиони, во 2013 години, му кажав да не му се повтори таа ситуација. Го послуша мојот совет и го постигна победничкиот погодок”, изјави Мартинез.