Мартинез се уште го чека Ромелу Лукаку

Роберто Мартинез, менаџерот на англискиот премиерлигаш Евертон, откри дека клупските челници се уште преговараат со раководните лица на Чезли околу можниот трансфер на белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку.

Младиот напаѓач во изминатата сезона играше како позајмен фудбалер во дресот на Евертон, а постигна и 15 погодоци.
Англиските медиуми постојано шпекулираат дека раководните лица на Евертон се подготвени да одвојат околу 25 мил. евра за 21-годишниот напаѓач, но интерес за неговите услуги покажале и челниците на Јувентус и Реал (М).
“Има многу шпекулации околу можниот кам-бек во редовите на Евертон. Не е точно дека јас сум изјавил дека трансферот на Лукаку е готова работа, дека се враќа на “Гудисон Парк”. Имаме една јасна ситуација. Евертон има потреба од фудбалер кој ќе го носи дресот со бројот девет. Мора да ангажираме таков фудбалер до стартот на новата сезона. Лукаку имаше фантастична сезона. Повеќе опции се во игра, седиме на преговарачката маса”, изјави Мартинез.