Мартино мува не го лази

И покрај срамниот пораз во финалниот натпревар од Купот на Шпанија, актуелниот тренер на каталонскиот гигант Барселона, Херардо Тата Мартино е убеден дека поразот од Реал (М) ќе нема никакво влијание кога е во прашање неговиот престој на “Ноу Камп”.

“Многу сум тажен поради болниот пораз, многу сум тажен поради нашите верни фанови кои беа со нас и во Валенсија. Долг е нашиот пат, но јас и понатаму гледам неколку позитивни работи. Кај мене нема никаква промена, јас исто се однесувам и во победа и во пораз, но мојата иднина, мојот престој на „Ноу Камп” не зависи од овој непријатен пораз. Јас и пред неколку дена изјавив дека мојата иднина не зависи од еден натпревар кој ќе биде добиен или загубен”, изјави поранешниот селектор на Парагвај.

За разлика од Мартино, шпанските медиуми се убедени дека искусниот стручњак на крајот од актуелната сезона ќе го добие заслужениот отказ и на негово место ќе биде ангажиран контроверзниот тренер на Борусија од Дортмунд, Јирген Клоп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.