Спорт

Мартино побара подршка од фановите на Барса

Мартино побара подршка од фановите на Барса

Предводникот на каталонскиот гигант Барселона, Херардо Тата Мартино јавно ги повика сите верни фанови на Барса, во што е можно поголем број да присуствуваат на неделниот дерби натпревар против директниот ривал во борбата за шампионската титула, тимот на Атлетико Мадрид.

Подобриот од дуелот на “Нау Камп” ќе биде крунисан за нов шампион на Шпанија. Барселона има обврска да забележи триумф во последниот натпревар од актуелната сезона, додека гостинот од Мадрид ќе биде презадоволен ако пресметката заврши и без победник.

“Сега имаме потреба од голема подршка, имаме потреба од нашите најверни фанови. Ако бидат позади нас, Барса сигурно ќе ја освои шампионската титула. Време е да ги израдуваме. цела сезона не играме како што треба. Ремито во Елче е прифатливо поради другите резултати, особено поради тој на “Винсенте Калдерон”. И понатаму сме во игра за шампионската титула. Немавме лек за противничката одбрана, а на сите ни олесна кога Пике викна дека дуелот во Мадрид завршил без победник”, изјави Мартино.