Мартино убеден дека Барса ќе слави во Мадрид

Видно разочаран поради неочекуваното реми на „Ноу Камп”, предводникот на каталонскиот гигант Барселона, Херардо Тата Мартино по натпреварот против Атлетико (М) изјави дека кај него ќе треба да се бара вината доколку Барса не обезбеди пласман во полуфиналната рунда од Лигата на шампиони.

„Заслуживме многу повеќе од првиот 1/4 финален натпревар. Јас ќе бидам главниот виновник доколку Барса не озбезеди пласман во полуфиналната рунда од Лигата на шампионите. Сепак, не можам да кажам дека не сум задоволен од играта на моите фудбалери, напротив, истата ми дава голема сигурност дека можеме да славиме на гостувањето во Мадрид. Доминиравме во поголемиот дел од натпреварот, а гостинот создаде само една посериозна шанса и тоа после големата грешка на нашиот голман. Ми се плачеше после погодокот на Диего, вистински еврогол. Атетико е во мала предност поради предноста на домашниот терен, но јас не сум загрижен, знам дека ако ја повториме играта од првиот натпревар, сигурно ќе обезбедиме пласман во следната рунда”, изјави Мартино.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.