Мартино веќе ги спакува коферите

Веднаш откако не ја исполни и последната зацртана цел, предводникот на каталонскиот гигант, Херардо Тата Мартино, изјави дека и официјално стана крај на неговата авантура на “Ноу Камп”.

“Пред себе имав јасно поставени цели кои за жал не успеав да ги исполнам. Разочаран сум и токму поради тоа повеќе нема да бидам тренер на Барселона. Сакам да искажам благодарност до сите фудбалери, кои беа фантастични професионалци. Ми беше чест да соработувам со нив. Сакам јавно да им се извинам на најверните фанови , да им се извинам затоа што не ги исполнивме нивните очекувања. Не ги исполнивме зацртаните цел од стартот на сезоната. Се боревме до последниот судиски свиреж, но игравме против подобар противник. Честитки до фудбалерите на Атлетико Мадрид, го заслужија овој голем успех, изјави предводникот на Барса.