Маруане Фелаини ново соиграч на Горан Пандев

Репрезентативецот на Белгија, Маруане Фелаини, најверојатно во новата клупска сезона ќе му биде соиграч на поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев.
Одличниот играч за врска не е дел од главниот план на новиот менаџер на англсикиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед и најверојатно ќе биде продаден за време на летниот преоден рок.
Фудбалските медиуму на Островот потврдија дека агентот на Фелаини веќе неколку дена преговара со контроверзниот сопственик на италијанскиот калчолигаш Наполи, Аурелио де Лаурентис кој потврдил дека во следните неколку дена ќе испрати официјална понуда за поранешниот фудбалер на Евертон.
Најтрофејниот клуб во Англија пред 12 месеци одвои околу 27 мил. фунти за обештетувањето на Фелаини, но сега ќе биде продаден за околу 20 мил. фунти.