„Марун 5“ го откажа концертот во Кина поради Далај Лама?

Концертот на американската поп група Марун 5 што требаше да се одржи кон крајот на летото во Кина е откажан, а фановите сметаат дека одлуката е поврзана со неодамнешната средба на еден од членовите со Далај Лама.

Клавијатуристот и гитарист на бендот Џеси Кармајкл неодамна на Твотер објави дека се сретнал со тибетанскиот лидер по повод неговиот 80. родендне.

Марун 5 требаше на 12 септември да одржи концерт во Шангај. Веста за настапот е повлечена и од интернет-страницата на групата.