„Маша и Медо“ ги надмина Адел и Гангам стајл на Јутјуб

„Маша и Медо“ ги надмина Адел и Гангам стајл на Јутјуб.  Рускиот цртан филм „Маша и Медо“ е меѓу 20-те видеа на видео сервисот Јутјуб, што успеале да добијат над една милијарда прегледувања.

Станува зборот за епизодата „Маша и кашата“ која била објавена на Јутјуб пред 4 години, во јануари 2012-та. Како и да е, цртаниот филм не го доби овој број на прегледувања толку брзо како што тоа се случи со хитот на Адел „Хело“, кој успеа да ја достигне оваа бројка за само 87 дена.

Цртаниот филм „Маша и Медо“ е мошне популарен и во САД, Германија, Австралија, Обединетите Арапски Емирати и Малезија, а веќе е преведен на 25 светски јазици и се емитувал во 100 земји во светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.