Масакар во Калифорнија: Три лица убиени, четворица повредени

Во Стоктон, гратче во северна Калифорнија во вооружена престрелка три лица се убиени, а четворица се повредени. Мотивите за претсрелката сеуште не се познати, а полицијата никого не притворила.

Една девојка (27) починала на лице место, а момче (24) и девојка (20) починале откако биле префрлени во болница, пренесува Ројтерс.

Имињата на починатите сеуште не се откриени.

Според изјавата на портпаролот на полициската станица ниту еден од четирите повредени лица не е во животна опасност.

Според полицијата, ваквите злосторства се чести во овој дел од градот, затоа што областа околу маркетот е позната по продажбата на наркотици и бандите што се движат наоколу.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.