ФОТО: Масакр во Калифорнија, најмалку 12 лица се убиени

Масакр на терени за голф во Сан Бернардино во Калифорнија. Според медиумите најмалку дванаесет лица се убиени, а 20 ранети, но за ова сеуште нема официјална потврда од полицијата.

Полицијата и екипи на специјалните единици сеуште се на терен и се обидуваат да го фатат убиецот, јавува Би Би Си.

kalifornija-pukanje-1

Пожарникарите направиле центар во кој ќе им се пружа помош на жртвите, а полициски агенти ги евакуираат луѓето од Регионалниот центар Инланд.

Портпаролот на полицијата Тери Адамс за Скај њуз изјавила дека сведоци рекле дека напдот бил извршен од три лица во воена опрема. Полициски извори пак велат дека нападот е извршен од најмногу три лица кои се вооружени и кој најверојатно носат панцири.

kalifornija-pukanje-2

Еден родител добил СМС порака од неговата ќерка која се наоѓа во моментов на спортскиот терен.

Некој дојде и почна да пука, а потоа влезе во канцеларија каде се крие со некои луѓе. Нашата ќерка се наоѓа внатре и ни прати порака дека на нејзиното работно место дошло до пукање и дека се сокрила во некоја просторија и ја чека полицијата. Не замоли да се молиме за неа, раскажале родители.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.