Масакр: Семејство со три деца убиено во Калифорнија

Убил човек па молел да го извадат демонот од него

Триесетгодишен маж е осомничен дека убил 5-члено семејство во градот Модество Калифорнија.

Станува збор за Мартин Мартинес, а полицијата апелираше до граѓаните да им достават каква било информација за него.

Масакрот, во кој се убиени и три деца, го открила социјалната служба за време на излегувањето на терен во една куќа.

Идентитетот на жртвите не се открива, а не се познати ниту околностите во кои загинале, ниту мотивите на петкратниот убиец.