Секс

Масажа на клиторисот е врвот на задоволството

Масажа на клиторисот е врвот на задоволството

Доколку искрено се надевате дека ќе успеете да задоволите жена во кревет, мора да бидете подготвени и да си дознаете што тоа жената преферира во сексот.

Жените се љубители на широк спектар на разновнидни стимулации, се наведува во студија објавена во магазинот “Journal of Sex & Marital Therapy”, која што била спроведена над 1000 испитанички кои што имале од 18 до 94 години.

Стимулациите подразбираат и пипкање на гениталиите, одредени делови на телото, притискање, мазење. Некои жени имаат навистина специфични желби, па така може да се каже дека 41% од испитаничните преферираат едно исто допирање од страна на партнерите.

Студијата го проби верувањето дека постојат универзални движења вво сексот кои што палат кај секоја жена. Стана јасно дека постојат одредени начини на допирање кои што жените ги сакаат – пишува во студијата.

Според студијата момците треба се почесто да разговараат со своите партнерки и да ги прашат за тоа што точно ги пали т.е на што да обрнат внимание.

Од вкупниот број на испитанички 75% од нив се изјасниле дека стимулацијата на клиторисот е клучна за да доживеат оргазам или пак да им помогне да дојдат до врвот.

Само 18% од испитаничките изјавиле дека за да доживеат оргазам потребно им е само вагинален секс.