Машиновозачот осомничен за железничката несреќа кај „Рајко Жинзифов“

Машиновозачот на патничкиот воз кој беше дел од железничката несреќа кај станицата „Рајко Жинзифов“ е осомничен за кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“. Така процениле надлежните во истрагата која ја спроведоа по случајот, јави портал Лисица.

СВР Велес денеска на 50-годишниот Р.А. му поднесе кривична пријава.

Машиновозачот не се придржувал кон прописите за безбедност на железничкиот сообраќај , односно, минувајќи го излезниот сигнал иако истиот покажувал сигнален знак „стој“ , предизвикал удар со товарен воз кој се движел во истиот правец, при што дошло до испаѓање од шините на една локомотива и три вагона и полесно се повредени две лица.

Со наведеното, пријавениот предизвикал опасност за животот на луѓето или за имотот од значителен обем.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.