Машинско чистење на банкините на главните улици и патишта во Општина Илинден

Во рамките на редовното одржување на локалната патна инфраструктура во Општина Илинден, во тек е акција за машинско чистење на банкините на главните општински улици и патишта на територијата на целата општина.

ilindennn (3)

Со чистењето на банкините се подобрува одведувањето на атмосферските води, односно се спречува задржувањето на водите на коловозите, што од своја страна придонесува за поголема безбеднист на учесниците во сообраќајот, но и заштита на асфалтните површини.

Паралелно со порамнувањето на банкините, со акцијата е опфатено и отстранувањето на вишокот земја крај коловозите.