Машки труп пронајден под браната на вештачкото езеро во Прилеп

Машки труп пронајден под браната на вештачкото езеро во Прилеп.

Безживотното тело го пронашол чуварот на браната и ги информирал полицијата и итната помош.

Според првичните информации станува збор за маж на 36-годишна возраст од Прилеп со иницијали Р.В.

Според Гоце Јонзоски, началник на службата за итна помош, телото било со видлива повреда на главата.

– Најверојатно смртта настапила во раните утрински часови, но засега ништо со сигурност не може да се каже додека не се изврши обдукција, вели Јонзоски.

Во џебот од пантолоните на починатиот пронајдена е лична карта, но идентификацијата допрва ќе се утврди, а со обдукцијата ќе се откријат и причините за смртта на 36-годишниот прилепчанец.