Машки труп пронајден во гевгелиско Миравци

Машки труп е пронајден вчера во атарот на село Миравци, Гевгелија, кај местото викано „Вирот“ во непосредна близина на железничката пруга.

На лице место излегле и увид извршиле ЈО и екипа од ПС Гевгелија, а од екипа на  Итна медицинска помош констатирана е смрт која настанала како последица од удар во пределот на главата нанесен од воз. Кај починатото лице не се пронајдени документи за идентификација и се претпоставува дека најверојатно се работи за странски државјанин.

Со наредба на ЈО телото е предадено на обдукција.