Машкиот клупски ракомет осми во Европа

Македонските машки клубови на новата ЕХФ ранг листата се наоѓаат на високото 8-мо место, додека дамите се на 14-тото.

Заслугата за високиот пласман на македонскиот клупски ракомет во европски рамки, кој сега се наоѓа на 8-то место со 36,4 бодови им припаѓа на Вардар и Металург кој во изминатите три години имаат забележителни настапи во Лигата на шампионите.

Во женска конкуренција, пак, Македонија беше на 16-то место, но “скокна” за две позиции со 27,75 бодови благодарение на ЖРК Вардар, кој лани беше дел од Ф4 турнирот во најсилното европско клупско натпреварување, успех, кој го повтори и оваа сезона.