Запленети идентични машини како од пасошката афера на „Фокус“

Полицијата во акцијата за разбивање на фалсификаторската група  заплени идентични машини со оние што можеа да се видат на снимките објавени од „Фокус“ пред една година кога беше објавена наводната афера за фалсификуваните пасоши.

Како што дознава Press24 извори во истрагата изгледот на машините е идентичен со оние кои „Фокус“ ги објави минатата година сакајќи да конструира сторија во која како одговорна за незаконско печатење на документи ќе ја обвини власта.

Што се заплени полицијата?

Освен тоа, запленети се три секачи, една преса, апарат за обработка на пластика, различни видови на хартија, налепници и печати од повеќе правни лица. Одземени се и компјутери и голем број на надворешни хард дискови, а во еден од компјутерите се пронајдени 520 подготовки во Корел за лични карти кои требале да бидат фалсификувани.

Одземени се и повеќе ласерски принтери и листови од разни банкарски сфивтови кои требале да бидат употребени за фалсификување и фабрикување афери.

Пронајдени и 78 панцири

Тоа што ги зачудило и органите на прогонот е фактот дека кај еден од осомничените биле пронајдени и 78 заштитни елеци, односно панцири.

За која намена им биле панцирите и дали претходно некаде ги употребиле дополнително ќе утврдува истрагата.