Маска од мед за зацврстување на влакното

Оваа маска од мед ќе ви помогне за зацврстување на влакното. Во зима кога воздухот во нашите домови е сосема исушен од константното греење, а надвор има змог, издувни гасови, чад, студ, мраз, но и снегулки, вашата коса е склона на пукање и оштетување повеќе од било кога.

Еден од начините за да ја заштитите е надвор секогаш да ја носитре скриена под шапка, но тоа нема да го реши проблемот за постојано. Негативните влијанија се тука и ние неможеме ништо! Сепак, можеме да и пружиме дополнителна нега што ќе и даде сила да се избори со штетните влијанија што демнат зад секој агол. Самите можете да направите ефикасна маска што ќе и даде цврстина на косата и ќе ги обнови оштетените влакна.

Потребни состојки:

Маслиново масло

1 лимон

1 јајце

Мед

Рузмарин

gjumbir_medd

Примена: Нанесете ја на цела коса од коренот до врвовите и слободно измасирајте го и скалпот. Оставете да стои половина час. Пожелно е косата за тоа време да ја завиткате во пластична кеса со цел маската уште поуспешно да дејствува. По ова измијте ја косата на вообичаен начин.

А Маслиновото масло е фантастичка состојка за негување на косата затоа што длабински ја хидрира и храни, додека рузмаринот ќе и даде сјај. Медот и јајцата се одлични за зајакнување на структурата на влакното, па на вашата коса ќе и дадат цврстина и еластичност. Тие се добри за нега на кожата на лицето. Лимонот е тука за да ги неутрализира непријатните мириси.