Со маска од квасец победете го опаѓањето на косата

Маската за коса од обичен квасец може да направи чудо. Оваа маска е навистина ефикасно средство и одговара за сите видови коса.

Маската од квасец е одличен сојузник во борбата против опаѓање на косата, но само ако го користите редовно.

Како превентивна мерка за побрз раст на косата, маската од квасец се користи еднаш неделно, 10-15 седмици по ред. Потоа се прави пауза од 3 месеци и постапката се повторува по потреба.

Ако вашата цел е лечење на косата, обновување и зајакнување, маската можете да ја применувате и 2 пати неделно, 6-8 седмици по ред.

Маската можете да ја направите сами во домашни услови, а рецептот е следен:

Во 1 супена лажичка топло млеко растворете 1 кафена лажичка мед или шеќер, а потоа додајте 20g свеж квасец. Течноста оставете ја на топло место за да нарасне, отприлика 15-20 минути.

Потоа додајте 1 жолчка од јајце и добро промешајте ги сите компоненти за да ја изедначите смесата.

Добиената смеса нанесете ја на чиста и влажна коса, а потоа замотајте ја во пешкир. Маската оставете ја да ви постои 50-60 минути и потоа измијте ја темелно со вода и шампон.

Составот на маската можете да го менувате со тоа што ќе додадете рицинусово или маслиново масло, јогурт, сок од алое вера, меѓутоа состојката квасец останува иста.

Очекувајте неверојатни резултати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.