Маска за лице од мед и лимон

Веќе сте во 20-тите или 30-тите години од вашиот живот, а сакате на вашата кожа да и пружите подобра нега.

Еве еден рецепт за маска што ќе ви помогне кожата на вашето лице да биде освежена, чиста и хидрирана. Познато е дека лимонот ги чисти мртвите клетки на кожата и помага при чистењето на црнки, акни и при борбата со депигментацијата, а медот е природен антиоксидант и има антибактериско својство.

За да ја подготвите вашата кожа, ставете зовриена вода во сад и ставете го лицето над него за пареата да ви ги отвори порите. Измешајте една лажица мед и сок од половина лимон и оваа смеса нанесете ја на лицето, но избегнете ја областа околу очите.

Оставете кожата да ја апсорбира маската, за што ќе ви бидат потребни 15 до 30 минути (во зависност од тоа колку ви е чувствтелна кожата). Измијте го лицето со топла вода, а потоа исплакнете со студена вода. Избришете го лицето нежно со сува крпа.

Оставете ја кожата да дише во текот на денот или нанесете ја вашата омилена хидратантна крема или серум за кожа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.