Маска за лице со само две состојки: Резултати за три часа

Со редовна употреба (ако не сте алергични на аспирин) оваа маска ја претвора и најпроблематичната кожа во здрава, убава и сјајна.

Лековитите маски за лице со аспирин растворен во вода со редовна употреба (ако немате алергија) ќе го подобрат изгледот на вашата кожа.

Тајната на оваа маска е во главната компонента на лекот – ацетилисалцилната киселина што има широка примена во козметиката:

  • совршено ја чисти кожата;
  • го намалува лачењето на лојните жлезди;
  • Ги стеснува порите на лицето
  • Го спречува создавањето на поткожни влакна;
  • Ги намалува воспаленијата на лицето
  • Спречува создавање на акни и мозолчиња

Редовното чистење на лицето со аспирин го намалува црвенилото и различните воспаленија и дразби, доведува до постапно исчезнување на акните, а се подобрува и тенот и еластичноста на кожата.

Маските со аспирин се препорачуваат: за проблематичкна кожа склона на  мозолчиња, црни и акни, за мрсна кожа (ги стеснува порите и го нормализира работењето на лојните жлезди), за повозрасна кожа (ја враќа еластичноста и здравиот тен).

Овие маски не се препорачуваат за бремени жени, за жени што дојат, како и за лицата што се склони на алергии, ако на лицето имате видливи рани и посекотини.

Пред да го испробате дејството на оваа пилинг маска на лицето, тестирајте ја на внатрешната страна на надлактицата. Ако тој ден немате негативни реакции, можете слободно да ја примените на лицето.

Пилинг маска со аспирин

Состојки: 1-2 таблети аспирин, малку вода и лажичка мед

Подготовка:

Здробете го аспиринот и правта ставете ја во стаклен сад. Додадете неколку капки вода и промешајте. Додадете лажичка мед и повторно се добро промешајте.

Примена:

НАнесете ја маската на исчистено лице и држете ја десетина минути. Малку масирајте како кога правите пилинг. Измијте го лицето.

Маската не се нанесува во пределот околу очите, каде што кожата е мошне нежна. На почетокот на третманот маската се користи 2-3 пати неделно кај проболематичната кожа. Потоа ќе ви биде доволно еднаш неделно. По десетина дена ќе видите фантастични резултати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.