Маскерано ја напушти Барселона

Аргентинскиот фудбалски репрезентативец 33-годишниот Хавиер Масекрано ја напушти Барселона и оваа седмица би требало да потпише договор со кинескиот клуб Хабеи Форџјун.

„Благодариме Маске“, наведе Барселона на својата интернет страница објавувајќи го заминувањето на Аргентинецот.

Маскерано за каталонскиот клуб настапуваше од летото 2010 година запишувајќи 334 натпревар и постигнувајќи само еден единствен гол, што е разбирливо имајќи предвид дека беше најстандардниот одбранбен играч во изминатиот период во редовите на Барса. Годинава беше незадоволен од малата минутажа кај тренерот Ернесто Валверде, бидејќи впиша само 12 настапи.

Со Барселона освои 17 трофеи, од кои четири во шпанското првенство и две во Лигата на шампионите, во 2011 и 2015 година, а тука се и победите во Купот на кралот, национални и европски суперкупови и светски клупски наслов.

Во текот на кариерата играше и за Ривер Плата, Коринтијанс, Вест Хем и Ливерпул, а за репрезентацијата на Аргентина собра 141 натпревар и постигна три гола.

Водечката екипа во шпанското првенство го доведе во замена како замена колумбискиот стопер 23-годишна Јери Мину од бразилски Палмеирас.