Маскерано ќе остане на Ноу Камп до 2018 година

Пред неколку часа, аргентинскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Хавиер Маскерано го потпиша новиот договор и се обврза да остане на “Ноу Камп” до 2018 година.

Централниот дефанзивец веќе подолг временски период важеше за најголема желба на италијанскиот калчолигаш Наполи и на вицешампионот на Англија, тимот на Ливерпул.

Репрезентативецот на Аргентина пристигна на “Ноу Камп” во 2010 година од редовите на Ливерпул, а дресот на каталонскиот гигант го има носено на 184 натпревари.

Во новиот договор на Маскерано има ослободителна клаузула која ќе биде активирана доколку заинтересираниот клуб испрати официјална понуда за неговите услуги не помала од 100 мил. евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.